Бунт во затворот Идризово ама од чуварите: Во 17 часот излегуваат на протест

t

Вистинска драма утринава се случуваше во затворот Идризово откако вчера полицијата влезе во затворот и заплени огромна количина на дрога, ладно оружје како и мобилни апарати од затворениците.

Од непознат сторител утринава беше запалено возилото на командирот на затворската чуварска служба во КПУ Идризово.

Пожарот бил подметнат во 1:50 часот по полноќ, а возилото било паркирано во кругот на затворот покрај управната зграда на Идризово.

Поради настанот попладнево затворските чувари во Идризово излегуваат на протест пред затворот.

Во 17 часот започнува нивниот протест како поддршка за колегата кој остана без својот автомобил.

Нашите информации велат дека затворските чувари немаат ниту капацитет ниту начин да се справат со криминалот кој се случува во затворото пред нивни очи, пред се поради тоа што дел од затворениците се заштитени како „бели мечки“ од одредени центри на моќ.

Инфомакс подолг период известуваше дека осудените за „Диво Насеље“ прават гезмиња, имаат мобилни телефони и други уреди и редовно се вклучуваат во живо, а еден од нив даваше и изјава за косовска телевизија. Според нашите информации тие целосно контролираат еден цел спрат од затворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку осум лица загинаа, 11 се повредени…

Најмалку осум лица загинаа, а 11 други…

Фон дер Лајен: Очекуваме Кина да го…

Очекуваме Кина да го искористи сето свое…

Уште шест години на власт, денеска инагурација…

Церемонијата на инаугурација на Владимир Путин за…

Најмалку 10 загинати или повредени во напад…

Неколку лица се убиени или повредени во…