Објавено на:

На Миконос 37% од тестираните се позитивни на ковид

t

На грчките острови Миконос и Санторини 36,98 отсто, односно 25,32 проценти од направените тестови за Ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), за стапката на позитивност во периодот од 6 до 12 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина.

За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14 отсто на позитивните случаи (од 22,91 процент на 36,98 отсто), а на Санторини за два отсто.

Според стапката на позитивност, следи западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 проценти, како и островот Милос со 15,7 проценти.

Со над десет проценти се и островите Парос, Андрос, Закинтос и Родос, како и центарот на Атина.

Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 6,18 проценти, од вкупно 556.948 лабораториски тестови (ПЦР и рапд), наспроти 4,88 отсто пред една седмица.

Националната организација за јавно здравје на Грција еднаш седмично, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.517.898 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции што е 3.9 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.049 лица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери со честитки за новите припадници на…

Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на…

Деспотовски: Македонија е стабилна земја со вредни…

Позитивната деловна клима за инвестирање, брзи и…

Топло, но со можност за невреме на…

Оваа година за 1 и за 2…

Навала од странски работници во Хрватска! Се…

Во периодот јануари-март 2024 година, во ХЗМО…

Пациент со Конго-кримската хеморагична треска хоспитализиран на…

Пациент заболен од Конго-кримската хеморагична треска (ККХТ)…