Пациент со Конго-кримската хеморагична треска хоспитализиран на Инфективна!

t

Пациент заболен од Конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) е хоспитализиран на Универзитетската клиника за инфективни болести, потврди директорот на оваа здравствена установа прим. д-р Фадил Цана. Пациентот претходно бил примен во градската општа болница „8 Септември“, од каде што бил префрлен на клиниката. Станува збор за 57-годишен маж од село во близина на Крива Паланка.
Конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) е широко распространета, опасна болест која се пренесува преку крлежи, предизвикана од вирус (Nairovirus, од семејството Bunyaviridae), објави „Нова Македонија“.

-Пациентот моментално е во стабилна состојба. Вчера, лабораториски е поврдено за вирусот во Институт за јавно здравје. Кај нас беше донесен вчера, во комплетна заштитна опрема. Тој е соодветно изолиран – вели д-р Цана за „Нова Македонија“.

Заболениот, како што вели, на лекар се јавил поради малаксаност и крварење во носот.

-Според кажувањето на пациентот, тој живее сам, чува добиток и сам ги вадел крлежите и кај себе и кај добитокот – вели д-р Цана.

-Смета дека ризикот е минимален зошто, како што вели, немал контакт со други лица, кои не се медицински. Терапијата што ја добива е супортивна – вели д-р Цана.

Вирусот на Конго-кримска хеморагична треска може да предизвика епидемија на вирусна хеморагична треска. Смртноста од ККХТ достигнува и до 40 проценти.

Минатата година дваесет и седум годишна жена од плачковичкото село Кучица во Општина Карбинци почина по каснување од крлеж. Кај неа, на 27 јули, лани во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје бил докажан причинител на конго-кримска хеморачна треска. Беше хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Потоа се разболе и медицинска сестра.

Инаку, Вирусот се пренесува на човек, пред сè од крлежи. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица. ККХТ е ендемична во Африка, на Балканот, Блискиот Исток и Азија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица повикува утре на протест пред фабриката…

Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…

(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…

Архитектот и член на Централниот комитет на…

Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…

Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…

Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…

Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…

Герасимовски призна: На местото од изгорената “Треска”…

Ден по пожарот во фабриката „Треска“, истражните…