Недостик на филтер-кеси за чај во Русија
Руските фабрики за чај се соочуваат со недостиг на материјал за кесички, пишуваат руските медиуми.
Филтер-хартијата за кесички чај е вклучена во списокот производи за кои ЕУ забрани увоз во Русија според петтиот пакет санкции, заедно со крафт-хартијата, крафт-картонот и други видови хартија за пакување. Забраната ќе стапи во сила на 10 август годинава. Тоа го најавија Рамаз Чантурија, генерален директор на руската асоцијација на производители на чај и кафе „Росчајкофе“ и Дејвид Хакобјан, директор за интеракција со владините агенции во компанијата „Мај фудс“.
Во моментов, околу 65% од чајот што се продава во Русија е во поединечни кесички. Секоја година Русите консумираат околу 140.000 тони чај. Во Руската Федерација не постојат индустрии што произведуваат филтер-кесички.
Најтешка ситуација поради недостиг на филтер-хартија има во компаниите „Ахмад“, „Мај фудс“ и „Флорис“. Проблемите со снабдувањето може да доведат до намалување на асортиманот на чаеви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…