Пендаровски ја истакна Хрватска како еден од најголемите поддржувачи за евроинтеграција на Македонија
Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. На средбата беше констатирано дека севкупните билатерални односи меѓу Република С. Македонија и Република Хрватска се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа, без отворени прашања, со одлична соработка на регионален и мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО. Двајцата претседатели разговараа за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за економските предизвици предизвикани од руската инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски истакна дека Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на нашата евроинтеграција и се заблагодари за искрената и јасна хрватска поддршка, при што двајцата претседатели порачаа дека деблокадата на С. Македонија е предуслов за стабилноста на регионот и на Европа. На средбата стана збор и за положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во С. Македонија при што беше нагласено дека правата на малцинствата во двете земји се на високо ниво и беше изразена подготвеност за нивно дополнително унапредување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…