Повеќе од 30 награди за македонски вина на Decanter World Wine Awards 2022 – еден од најпознатите вински натпревари во светот
– Повеќе од 30 награди за македонски вина на Decanter World Wine Awards 2022 – еден од најпознатите и највлијателни вински натпревари во светот, каде вината се оценуваат од врвни вински експерти од целиот свет.
Како дел од наградените винарии се среќаваат: винарија Тиквеш, винарија Далвина, винарија Венец, винарија Пуклавец, винарија Камник.
Многубројните награди за македонските вина се показател за квалитетот на вината и врвните способности и вложениот труд на македонските производители на вино. Тие претставуваат огромно признание и дополнителен поттик.
Македонските винарии освоија еден платинест медал, четири златни медали, пет сребрени медали и 21 бронзен медал.
Платинест медал освои виното Мерак од винарија Тиквеш, а четири златни медали освоија вината: Барово црвено од винарија Тиквеш, 56 Резерва од винарија Венец, Хермес Каберне Совињон и Ар-Магедон Куве Барик од винарија Далвина. Медали освоија и вината: Куве Де Престиж од винарија Камник, Инстинкт Вранец од винарија Пуклавец, Кориа Темјаника од винарија Венец, Шардоне Домен Лепово од винарија Тиквеш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…