Пендаровски на средба со косовската колешка Османи
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари билатерална средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи во Охрид. Како што информира прес-службата на Пендаровски, за време на средбата се дискутирало за развојот на билатералните односи, актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план и безбедносната состојба во регионот и пошироко.
На средбата, претседателите изразиле задоволство од динамиката на односите и соработката меѓу Македонија и Косово разгледувајќи ги можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.
Од своја страна, претседателот Пендаровски, во духот на градењето добрососедски односи, го реафирмираше ставот за поддршка на евроатлантските аспирации на Косово како и активното пристапување на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми, се вели во соопштението.
Од прес-службата на претседателот додаваат дека соговорниците размениле мислења за состојбите во регионот, како и актуелностите во дијалогот на Косово со Србија, ангажманот на меѓународните претставници и притоа се согласија дека во светло на новите геополитички предизвици предизвикани од руската воена агресија врз Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…