МВР продолжува да ги ровари кафичите: Во акција уапсени седум лица
Вчера вечер, седум лица во скопски локали биле уапсени, откако кај нив била пронајдена дрога, велат од МВР.
„Ноќта 16.06./17.06.2022, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, кои биле лишени од слобода. Имено, кај А.Д.(23), А.Д.(31) и Т.И.(28), сите од Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј.(20) од Скопје, В.З.(35) од Косово, Г.М.(37) од Скопје и А.К.К.(45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана. Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…