Се затегна вентилот: Русија за 50 отсто ја намали испораката на гас за Италија

t

Рускиот енергетски гигант „Газпром” го намали извозот на гас од Италија за 50 отсто, соопшти денеска италијанската енергетска компанија „ЕНИ”.
„Газпром” му вети на Рим само половина од 63 милиони кубни метри гас нарачани за денеска, информираше „ЕНИ”.
Снабдувањето со гас е веќе намалено оваа недела за 15 отсто во средата и 35 проценти вчера.
Русија го прекина или намали снабдувањето со гас за неколку европски земји во изминатите неколку недели, поради споровите околу санкциите на Западот воведени кон Москва за нејзината инвазија на Украина.

Испораките за Германија беа намалени за 60 отсто оваа недела преку гасоводот „Северен поток” во Балтичкото Море.

Комесарот за економија на Европската Комисија, Паоло Џентилони, вчера предупреди дека стариот континент би можел да влезе во рецесија, доколку се прекине снабдувањето со гас од Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данска и Шведска ги критикуваат Финска и…

Ретко покажување на неединство се појави меѓу…

ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗАБРАНА НА ЕМИТУВАЊЕТО НА…

Поради долгогодишно кршење на медиумските закони и…

Контролори од УЈП примале часовници и очила…

Обвинение за даночни контролори и инспектори од…

До 16 часот гласале 55,7 отсто од…

Излезноста на парламентарните избори во Израел до…

Приведено лице осомничено за двете убиства во…

Едно лице осомничено за двете убиства во…