(Видео) Македонските затвори се како академија за бандити, како да станеш поголем криминалец наместо да ги одвикнат од криминал затворениците
Наместо да се покаже дека не треба да прават криминал, во Македонија затворите служат како Академија за бандити, како да станеш поголем криминалец, истакна во денешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
– “Имаш ситуација во која затворскиот чувар на Боки 13 се кува на 45 степени во затвор, Боки живее со клима во ќелија, не е тоа начин на кој се води држава.
Во Македонија се води државата на многу погрешен начин, криминализирано е се од хигиеничар до министер, да не правиме муабет за среден ешалон, директори, претседатели на комисии и сл.
Затворот треба да биде средина во која се покажува како да не се прави криминал, кај нас затвор е Академија за бандити, како да станеш поголем криминалец, да не правиме муабети за колку политички затвореници осудени без доволно докази.
Кога суди судот пресудата гласи во име на граѓаните на Република Македонија, тоа значи дека во име на сите тука и сите граѓани тој суд суди потенцијално во наше име невин човек. Одговорноста е на секој од нас, ние сме дале мандат да суди во наше име”, истакна Александар Митовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=762092014787885¬if_id=1655494829184454¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор
Од затворот Штип вчера било пријавено дека…
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…
Полицајци привеле осуденик, па немало место во…
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…
(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…
Возило на командир во битолскиот затвор било…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…