Се разгледуваат можностите за нова сообраќајница околу викенд населбата на Попова Шапка

t

Се разгледуваат можностите за нова сообраќајница околу викенд населбата на Попова Шапка. Според објавата на општина Тетово, градоначалникот Билал Касами заедно со раководителите на секторите за урбанизам, комунални дејности, Општинскиот инспекторат и со проектанти, инженери и геодети вчера го разгледувале местото каде е планирано да се отвори нов пат.

–Одблиску го видовме местото каде што е планирано да се отвори нов пат почнувајќи од влезот на Попова Шапка со што би се создал кружен тек и можност да има еднонасочен сообраќај за влез и излез не само во викендичките, туку и слободно движење до туристичкиот дел без пречки и во текот на зимата. Патот покрај викенд куќите ќе биде по сите потребни стандарди и ќе ги исполнува условите за сообраќај на автобуси за странските туристи, информира Касами.

Според него, во процедура е и Деталниот урбанистички план за Попова Шапка.

– Како општина максимално ќе се заложиме овој план што поскоро да им биде достапен на заинтересираните граѓани. Заедно со Општинскиот инспекторат извршивме увид и во новоградбите и вреди да се нагласи дека за разлика од минатите години, годинава притисокот за градење дивоградби и обидот за узурпација на јавен имот е значително намален и лично им се заблагодарувам на граѓаните за нивната учтивост и разбирање, порача Касами.

Тој упати апел до сите кои се заинтересирани за изградба на нови објекти, да имаат трпение додека не се изготви Деталниот урбанистички план и дека секој ќе може да изгради објект или викенд куќа согласно закон и правила, исполнувајќи ги сите стандарди. ас/бак/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мачна сторија: 98-годишна Украинка пеш, во…

Лидија Ломиковска (98) се споила со семејството…

Единствената Авганистанка во дипломатска служба шверцувала 25…

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи,…

Добри вести: Во Каиро почнаа преговорите за…

Во Каиро почнаа преговорите за прекин на…

Четири лица се тепале на паркинг простор

На 03.05.2024 во 11:50 часот во СВР…

Членови на Левица маршираа 10 часа и…

По 10 часа одење и поминати 49…