Украина со забрана на музика од некои Руси во медиумите и јавните простори
Украинскиот парламент гласаше за забрана на дел од руската музика во медиумите и јавните простори.
Забраната нема да важи за целата руска музика, туку се однесува на музиката создадена или изведена од оние кои се или биле руски државјани по 1991 година.
Уметниците кои ја осудија војната на Русија во Украина можат да поднесат барање за изземање од забраната.
Според законската регулатива ќе биде забранет и увоз на книги од Русија и Белорусија.
Многу од оние што живеат во областите на источна и јужна Украина историски чувствуваат силна поврзаност со Русија, често зборувајќи руски како свој прв јазик.
Но, руската инвазија на Украина доведе до тоа многу Украинци да сакаат да се одвојат од руската култура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…