Објавено на:

Австралискиот премиер ги отфрли повиците јавно да побара од САД да се откажат од гонењето на Асанж

t

Австралискиот премиер, Ентони Албанезе ги отфрли повиците јавно да побара од САД да се откажат од гонењето на Џулијан Асанж.

Основачот на Викиликс е исто така австралиски државјанин.

Австралиската влада е под зголемен притисок да интервенира во случајот откако минатата недела британската влада нареди екстрадиција на Асанж во Соединетите држави за да одговара за наводите за шпионажа.

Поддржувачите на Асанж и неговите адвокати велат дека неговите постапки се заштитени со Уставот на САД и одредбите за слободата на медиумите.

Албанезе кој дојде на власт пред еден месец одби да каже дали за тој случај разговарал со претседателот на САД Џозеф Бајден.

„Некои луѓе мислат дека ако ги напишете работите со големи букви на Твитер и ставите извичник, тие некако стануваат поважни. Тие не стануваат“, им рече Албанезе на новинарите.

„Имам намера да водам влада која кон своите партнери се однесува дипломатски и соодветно“, додаде австралискиот премиер.

Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пателминатата недела потпиша налог за екстрадиција по одлуката на британскиот суд во април дека Асанж може да биде испратен во Соединетите држави барајќи да му одговори за обвиненијата за шпионажа.

Тој може да се соочи со затворска казна до 175 години за објавување на повеќе од 700.000 доверливи документи за американските воени и дипломатски активности од 2010 година, особено во Ирак и Авганистан.

Асанж (50) се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш од 2019 година, кога беше уапсен поради кршење на условниот отпуст во посебен правен случај. Пред тоа, тој помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Австралискиот јавен обвинител Марк Драјфус и министерката за надворешни работи Пени Вонг одговорија на одлуката на британскиот суд, наведувајќи дека случајот Асанж трае предолго и треба да биде завршен.

Тие порачаа дека тој став ќе продолжат да го искажуваат пред владите на Британија и САД, но во заедничката изјава не отидоа дотаму што отворено ги повикаа САД да се откажат од случајот.

Американските обвинители рекоа дека Асанж и помогнал на американската воена разузнавачка аналитичарка Челзи Менинг да украде тајни дипломатски пораки и воени документи кои подоцна ги објави Викиликс, ставајќи многу животи во опасност.

Адвокатите на Асанж ќе се жалат на одлуката на британската влада за екстрадиција, која би можела да ја одолговлекува постапката со месеци, а можеби и со години, наведува АП.

Сопругата на Асанж, Стела Асанж, изјави дека нејзиниот сопруг се гони за откривање воени злосторства и злоупотреба на власта.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…