Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и штедење
Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува од криза, како прехранбена така и енергетска, на есен, апелирајќи граѓаните да бидат одговорни и да штедат кога се во прашање горивото и електричната енергија.
–Не е ова апел да се променат навиките, но, едноставно сите во светот ги чека тешка година. Црна Гора нема да биде заобиколена. Верувам дека и оваа ситуација ќе ја надминеме, изјави Абазовиќ, јавија медиумите во Подгорица.
По разговорот со финскиот колега, Абазовиќ истакна дека граѓаните треба да го прифатат фактот оти Владата прави сè што е во нејзина моќ, но, не може да ја запре војната во Европа.
–Нема да имаме само енергетска криза, ама и прехранбена. И сериозните земји сериозно размислуваат за тоа. Ќе ги преземеме сите мерки, и сега ги преземаме. Веќе имавме иницијатива за акцизна политика, појасни Абазовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Абазовиќ со порака до Србија и Косово:…
Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот…
Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и…
Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува…
Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…
Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…
Абазовиќ ја прифати поканата на Зеленски да…
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја прифати поканата…
Абазовиќ најави посета на Србија на 29…
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…