Објавено на:

Украина уапси двајца функционери за шпионажа во корист на Русите

t

Украина уапси висок владин функционер и еден, како што е наведено, „бизнис лидер“ кој е осомничен дека е дел од наводната руска шпионска мрежа, соопшти денеска Украинската служба за безбедност (СБУ).

Безбедносната служба не ги именуваше двајцата осомничени, но ги идентификуваше како висок функционер во Секретаријатот на Кабинетот на министри и шеф на одделот во Стопанската комора, пренесува „Ројтерс“.

Според соопштението објавено на апликацијата Телеграм, СБУ извршила „специјална операција во неколку фази“ со цел да го неутрализира наводниот шпионски синџир.

„Како резултат на тоа, во Киев се приведени шефот на одделот на Секретаријатот на Кабинетот на министри и шефот на една од дирекциите на Трговско-индустриската комора“ се наведува во соопштението на СБУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…

Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…

Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Само за три дена Украина онеспособи околу…

Украинските одбранбени сили во последните три дена…

ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…