Гарланд во посета на Украина: Тука сум да ја изразам непоколебливата поддршка на САД за Украина
Главниот обвинител на САД Мерик Гарланд денес ја посети Украина да покаже поддршка во гонењето на руските сили обвинети за воени злосторства од страна на Киев.
Гарланд се сретна со генералниот обвинител на Украина Ирина Венедиктова, која е на чело на истрагата за, како што вели Киев, 16.000 пријавени воени злосторства на Русија откако ја нападна државата пред речиси четири месеци.
Русија негираше дека цели на цивили во Украина.
„Тука сум да ја изразам непоколебливата поддршка на САД за народот на Украина во време на неиспровоцирана и неправедна руска инвазија“, рече Гарланд и додаде: „САД испраќаат непогрешлива порака, нема место за криење. Ние и нашите партнери ќе ги следиме сите достапни патишта за да се увериме дека одговорните за овие злосторства одговараат“.
Во првото судење за воени злосторства во Украина минатиот месец, руски војник се изјасни за виновен, фатално пукајќи во невооружен цивил четири дена по почетокот на инвазијата на 24. февруари.
Вадим Шишимарин (21) е осуден за фаталниот напад врз 62-годишен Украинец на доживотен затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Морам да го запрам убивањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
Хамнеи бара воена отштета од САД и…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…