Никој не го “шиша” Таче? Владата уште не добила никаков официјален француски предлог
Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук уште еднаш нагласи дека Владата официјално нема добиено никаков француски предлог.
Го пренесуваме неговиот статус во целост:
Во врска со јавната дискусија околу францускиот предлог, би сакал уште еднаш да потврдам дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.
Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:
Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;
Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;
Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;
Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;
Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија, напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…