ССМ утре ќе постави 21 столче пред Влада, за сите министри по едно
Начелно сметаме дека сме измамени од делот на владата со кои што го преговаравме. За 10 дена е 1 јули и не се случува линеарното покачување од 2806 денари, нема најави. Утре ќе има 21 столче пред владата, колку што е бројот на министри во владата и ќе бараме да го прифатат амандманот од ССМ испратен до сите пратенички групи. Да дојде време да се освестат министрите и да го прифатат амандманот за да им помогнат на работниците, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Тој информира дека амандманот е прифатен од повеќе опозициски партии.
Според Димитров, работниците ќе штрајкуваат се додека немаат ефект од штрајкот.
-Навистина сите треба да се охрабриме како работници. Од утрово имавме само два притисоци околу штрајкот. Масовен е штрајкот, целиот јавен сектор штрајкува, рече Димовски во вестите на ТВ Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…
Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…
(Видео) Сакате евтина работна сила за да…
Лесно е со 160.000 месечна плата да…
Ампева: СРАМ ДА ВИ Е на „синдикатите“…
Срам да им е на „синдикатите“ кои…
(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…
Денес по повод 1 Мај, Денот на…
(Во живо) Работниците скандираат „лопови“ и „апаши“…
- Ова не се работодавачи, ова се…