Објавено на:

Кризата тропна и таму: Бајден предлага замрзнување на даноците за бензин и дизел

t

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот на САД да ги замрзне федералните даноци за бензинот и дизелот за три месеци.

Бајден ги повика и државите да ги замрзнат даноците за бензинот или да обезбедат слични поволности. Тој ја критикуваше енергетската индустрија што дава приоритет на профитот пред производството.

Данокот на бензинот е 18,4 центи за галон (околу 3,78 литри), а на дизелот 24,4 центи за галон.

„Знам дека ова нема да ја намали сериозноста на проблемот, но ќе биде од голема помош“, рече Бајден за неговиот предлог, имајќи ги предвид напорите на администрацијата да го спречи зголемувањето на цените на бензинот.

„Јас го правам она што зависи од мене. Сакам и Конгресот, американската влада и индустријата да ја завршат својата работа“, рече американскиот лидер.

Идејата за замрзнување на данокот за гориво наиде на силно противење во Конгресот, вклучително и од многу демократи.

Високите цени на бензинот се голем политички проблем за Бајден и демократите во Конгресот, кои се борат да ја задржат контролата над највисокото законодавно тело на вонредните избори во ноември.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…