(Видео) Рама повторно саркастичен: Поздрав од Источна Македонија
„Поздрав од Источна Македонија“, им се обрати албанскиот премиер Еди Рама на европските лидери во Брисел. Видеото го објави албанскиот медиум РТК.
Тој повторно упати саркастична порака за однесувањето на Европската Унија кон македонско-бугарскиот проблем. На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Во написот од РТК се вели дека другите лидери на земјите од регионот само протоколарно се поздравиле со шефовите на ЕУ.
Неговата шега доаѓа непосредно по Самитот во Солун, кога тој пред грчкиот премиер Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече Македонија, „Западна Бугарија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…