Објавено на:

Додон: Молдавија ќе добие кандидатски статус, ама за неколку години ЕУ може да не постои

t

Молдавија ќе добие статус на кандидат за влез во Европската унија, но за неколку години ЕУ може да престане да постои, смета поранешниот претседател на републиката Игор Додон.


„Мислам дека Молдавија ќе добие статус на кандидат за членство во ЕУ, мислам дека властите веќе подготвуваат изјави за „историскиот ден“. Не мислам дека Молдавија во блиска иднина ќе стане членка на ЕУ. можно е ЕУ да ја нема во следните пет осум до десет години“, изјави Додон за новинарите.


Тој истакна дека во Бугарија е разрешена проевропска влада, ќе има политички кризи во други земји, па и другите кабинети може да се соочат со „пад“.

Шефот на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската комисија препорачала на Молдавија и на Украина да им се додели статус на кандидат за влез во Европската унија. Одлуката за доделување или одбивање статус на кандидати на Украина, Молдавија и Грузија ќе ја донесат шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот во Брисел на 23 и 24 јуни, земајќи ја предвид препораката на Европската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Главчев за Македонија: Не е нормално земја…

„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…

Турција ќе добие уште една милијарда евра…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…

Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…