Откриена најголемата бактерија на светот, може да се види и со голо око?
Научниците ја открија најголемата бактерија во светот што може да се види и со голо око. Таа е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрова дрво, објави денеска во списанието „Сајенс“ (Science). 3а илустрација, истражувачите ја споредуваат со паричка со просечна големина.
– Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега, истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот.
Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок на оваа бактерија, чие живеалиште се потопени лисја од мангрови дрвја. Бактеријата долга околу 0,9 сантиметри е наречена „Тиомаргарита магнифика“ (Thiomargarita magnifica) или – „величествен сулфурен бисер“.
Грос тогаш не знаел дека организмот е бактерија. Дури подоцна генетската анализа покажала дека организмот е една бактериска клетка.
Во мочуриштето тој ја пронашол бактеријата прикачена на школки остриги, камења и стаклени шишиња. Научниците сѐ уште не успеале да ја одгледаат бактеријата во лабораторија, но велат дека нејзините клетки имаат структура што не е вообичаена за бактериите.
Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан шпекулира дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација – за да не ја јадат помалите организми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…