Објавено на:

Телеком ја воведува стриминг платформата Глеј на Макс ТВ

t

Македонски Телеком ја збогатува својата понуда на Макс ТВ со содржините на првата македонска стриминг платформа Глеј (GLEY).

Во рамките на Макс ТВ со Глеј корисниците ќе можат да ги следат најновите домашни, регионални и светски филмови и серии, како и детска програма којашто е комплетно синхронизирана на македонски и албански јазик.

Единствено во Телеком, платформата Глеј ќе биде достапна за следење директно преку Макс ТВ приемникот, без потреба од дополнително инсталирање софтвер, прилагодувања или регистрација. Исто така, Макс ТВ корисниците ќе имаат пристап до комплетниот каталог на Глеј содржините, достапни во делот видеотека/пакети (Video On Demand/Subscriptions).

За да ја користат услугата, корисниците треба да го активираат Глеј пакетот преку Maкс ТВ приемникот, во делот за активирање пакети: Мени/ТВ Пакети, или преку апликацијата Телком МК.

Активирање, секако, е возможно и со повик во контакт центарот на 122 или во која било Телеком продавница. Глеј стандард пакетот преку Македонски Телеком е достапен по намалена цена од 299 денари и пробен 7-дневен период без надомест..

Корисниците коишто ќе активираат Глеј пакет, освен пристап до содржините на Maкс ТВ уредот, ќе имаат можност да ја користат услугата и на уште 2 смарт уреди истовремено (компјутер, смарт ТВ, лаптоп или смартфон) без дополнителна доплата, преку www.gley.tv  или апликацијата Gley, којашто е достапна за Android и iOS корисниците.

Услугата е достапна и за сите Телеком корисници на фиксни и мобилни услуги коишто немаат вклучено ТВ услуга, а кои ќе можат да ја следат содржината на Глеј само преку смарт ТВ, лаптоп, компјутер, таблет или смартфон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…