Џоана: Самитот на НАТО во Мадрид ќе биде историски
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана денеска изјави дека самитот на НАТО следната недела во Мадрид ќе биде историски и ќе донесе добри вести за Романија, но и за Украина, трансатлантските односи и самата алијанса.
„Ова ќе биде историски самит што ќе донесе длабоки промени. Ќе се фокусираме на зајакнување на присуството на НАТО на источното крило, а лидерите ќе ја објават големината и конкретниот придонес на различните сојузници. Очекуваме добри вести и за Романија. Тоа ќе биде самит на кој ќе го усвоиме стратешкиот концепт“, рече Џоана при посетата на градот Клуж.
Според него, црноморскиот регион ќе биде силно претставен на состанокот, кој ќе се одржи од 28. до 30 јуни, бидејќи има „витално стратешко значење за НАТО“.
„Истовремено, го очекуваме учеството на претседателот (Владимир) Зеленски – поддршката што ја има за Украина во праведната војна против рускиот агресор мора да продолжи. Ја поздравуваме извонредната вест од Брисел вчера, која ги дава Молдавија и Украина перспектива и ‘статус на кандидати за европска интеграција; тоа е нешто што исто така го поздравуваме’“, рече тој одговарајќи на новинарски прашања.
Тој додаде дека паралелно со добрите вести за земјите од НАТО, ќе има „многу лоши вести за Русија“.
„И можеби надвор од нашата географија, за првпат во историјата на самитите на НАТО, лидерите на Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја ќе бидат со нас на самитот. Значи, ова е исклучително важен состанок. Добри вести за Романија, добри вести за НАТО, добри вести за трансатлантските односи, добри вести за Украина и, се надеваме, многу лоши вести за Руската Федерација“, рече Џоана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…