Објавено на:

Санчез за драмата во Шпанија: Станува збор за напад врз територијалниот интегритет на нашата земја

t

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез во саботата ја нарече драмата во Мелила, шпанска енклава на територијата на Мароко, „напад врз територијалниот интегритет“ на Шпанија.

„Станува збор за напад врз територијалниот интегритет на нашата земја“, изјави Санчез на прес-конференција во Мадрид.

Санчез ја обвини „мафијата која се занимава со трговија на луѓе“, за одговорност за „насилниот напад“ на границата на Мароко и енклавата Мелила во кој животот го загубија 18 мигранти.

„Доколку некој е одговор за она што се случи на границата, тоа е мафијата којашто се занимава со трговија со луѓе“, истакна шпанскиот премиер.

Според последните податоци од мароканските власти, 18 илегални мигранти загинале кога речиси две илјади мигранти се обиделе да влезат во Мелила. Налетале на врискаа ограда којашто ја опкружува енклавата, што предизвика судир со безбедносните сили.

Во текот на изминатите десет години, шпанските енклави Мелила и Сеута, кои се наоѓаат на северниот африкански брег, станаа магнет за мигрантите главно од субсахарските области кои се обидуваат да влезат во Европа.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија е против членство на Косово во…

Претставници на шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)…

Бомба од Шпанија: Ќе ја признае Палестина…

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел…

Надал повторно е повреден, ги пропушта турнирите…

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се соочува со…

(Видео) ФУДБАЛСКИ СКАНДАЛ ВО ШПАНИЈА: Полицијата влезе…

Голем скандал ја тресе Шпанија откако денес…

Македонските ракометарки загубија од Шпанија

Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва на…