Објавено на:

Невреме и во Крива Паланка: Попречени повеќе локални патни правци

t

Невремето проследено со силен ветар и обилен дожд вчера попладне го зафати и кривопаланечкиот крај каде предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци и на магистералниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир.

-Невремето предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци, на новиот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски и на магистералниот пат А2 на неколку места, но навремената реакција на итните служби и јавните претпријатија од општината придонесоа за брза санација на штетите од невремето, кое беше со силен интензитет, соопшти градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски за медиумите.

Силно невреме вчера ги зафати Крива Паланка, Делчево, Виица и Демир Капија.

Повеќе за невремето во Делчево може да видите на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривата кула во Италија се соочува со…

Една од „кулите близначки“ на Болоња од…

Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк

Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…

400 населени места во Украина останаа без…

Речиси 400 места останаа без струја во…

(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…

Две лица загинаа во невремето во Бугарија…

Утре поројни врнежи и силен ветер

 УХМР соопшти дека утре времето ќе биде…