(Фото) Големи штети по вчерашното невреме во Делчево
Вчера вечер после 19.00 часот силно невреме проследено со дожд, град и силен ветер го зафати делчевскиот регион.
Невремето траеше околу половина час, но силниот ветер предизвика значителни штети во градот и околината. Дел од центарот на градот беше без струја поради откоранти бандери од невремето.

За среќа нема повредени лица, но има значителни штети, дел кровот на основното училиште Ванчо Прќе беше откорнат, на повеќе локации низ градот имаше паднати дрјва, а многу граѓани информираа дека имаат оштетувања во домовите. Исто така од околните села информираат дека има загинат добиток.

Градоначалникот Горан Трајковски за Инфомакс посочи дека сите расположливи капацитети се на терен и се работи на санирање на штетите, а дека граѓаните ќе бидат соодветно обесштетни веќе почнувајќи од понеделник.



Фото: Делчево 365
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со…
СДСМ подготвува изненадување – кандидатите за градоначалници…
Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) веќе…
Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…
Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…
Божествата не смеат да газат во кал:…
Мостот на влез во Делчево, кој е…
(Фото+видео) Дебакл на Тошковски во Делчево: Го…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…