Објавено на:

Путин “удри метла”: Големи промени во командата на руската армија

t

Руското Министерство за одбрана соопшти дека раководството на централните и јужните групи сили кои се борат против Украина е сменето, потврдувајќи ги гласините дека високата команда на Русија го реструктуира раководството на операциите во Украина.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека сега командантот на Централниот воен округ, генерал-полковник Александар Лапин, командува со „централната“ група сили. Овие трупи се одговорни за операциите во Лисичанск и Северодонецк.

Генералот Сергеј Суровикин, командант на руските воздухопловни сили, командува со „јужна“ група сили. Тој ја надгледуваше опсадата на Хирска и Золота. Преструктуирањето на руската команда се случи со цел подобро да се организираат операциите во Украина, иако во соопштението на руското министерство не се наведува дека дошло до промени.

Министерството за одбрана на Велика Британија потврди дека руската команда отстранила неколку генерали од клучните оперативни улоги во Украина. Меѓу тие генерали се и генерал-полковникот Андреј Сердјуков и командантот на Јужниот воен округ на Русија, Александар Дворников.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…