Литванија ќе продолжи да го блокира Калининград
Јасно ѝ кажав на претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен) како Литванија гледа на ситуацијата, пишува претседателот на Литванија на Фејсбук.
Литванија ќе ја задржи забраната за транзит на санкции на стоки меѓу регионот Калининград и континентална Русија, изјави претседателот Гитанас Наузеда во Фејсбук-објава. Тајмс во четвртокот објави дека Италија и неколку други европски влади побарале од Европската комисија да ја смири кризата. Според аналитичарите, Калиниград и коридорот Сувалки се новото „буре барут“ на Европа.
„Апсолутно е јасно дека Литванија мора и ќе ги спроведе санкциите на ЕУ“, напиша Наузеда на Фејсбук во саботата.
„Литванија мора и ќе ја задржи контролата врз стоката што минува низ нејзината територија и не може да има никакви „коридори“, ниту може да има некакво смирување на Русија како одговор на заканите на Кремљ. Јасно ѝ кажав на претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен) како Литванија гледа на ситуацијата“, пишува претседателот.
Регионот Калининград е мала руска енклава сместена помеѓу Литванија и Полска. Пред една недела, националниот железнички оператор на Литванија го суспендираше транзитот на стоки со санкции меѓу Калининград и остатокот од Русија, повикувајќи се на инструкции од Брисел.
Наузеда во саботата повтори дека Вилнус постапува во согласност со четвртиот пакет рестрикции на ЕУ, кој беше усвоен „со активно учество на Литванија“.
ЕУ претходно ја поддржа Литванија во нејзиниот потег делумно да го забрани транзитот на руска стока. Русија тврди дека прекинот на транзитот е незаконски според меѓународното право и се закани дека ќе возврати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…