Србите слават Видовдан во Газиместан: Косовската полиција претресува и соблекува маици со српски обележја!
По литургијата во манастирот Грачаница, насобраните граѓани и со своите возила и организирано со автобуси тргнаа кон Газиместан, каде патријархот Порфириј ќе им оддаде почит на загинатите косовски херои.
Полициските патроли се присутни во многу поголем број од лани.
На влезот во Газиместан се претресуваат чанти, а граѓаните кои имаат маици со српски национални симболи се замолуваат да ги соблечат, пишува Косово онлајн.
Дополнително, собирот е без инциденти, а годинава се очекува да дојдат многу повеќе луѓе од претходните, се додава.
Полицијата, која вчера најави зголемување на безбедносните мерки, ја надгледува областа и со беспилотни летала.
Освен Србите од Косово и Метохија, на одбележувањето на Видовдан дојдоа и многумина од Србија и Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во касарна во Германија, едно лице…
26-годишен маж загина во експлозија на земјиштето…
Адеми: Османи за македонскиот јазик го постигна…
Инсистирањето на Владата на Северна Македонија да…
Дезинсекција против комарци, од сабота до четврток…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…
Петровска до Николоски: Спроведовте ли надзор над…
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките…
Интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд е…
За интерпелацијата за работата на претседателот на…