,,Војната може да заврши до крајот на денот доколку Зеленски и нареди на армијата да го остави оружјето”
УКРАИНА може да ја заврши војната пред крајот на денот, а се што е потребно за тоа да се случи е наредба од украинскиот претседател армијата да го остави оружјето и Киев да ги исполни условите на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави руската државна агенција РИА Новости.
„Украинската страна може да запре се пред крајот на денешниот ден, потребна ни е наредба на националистичките единици да го положат оружјето, наредба украинската армија да го остави оружјето и да се исполнат условите на Руската Федерација. Сè може да заврши пред крајот на денот. Останатото се размислувања на шефот на украинската држава“, рече Песков, коментирајќи ја изјавата на Владимир Зеленски за плановите за завршување на војната пред зимата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…