Тоа што Путин го прави со бомби, Бугарија го прави со блокади на Македонија
„Бугарија го негира македонскиот идентитет. Ова е основата на бугарските позиции за Македонија, тие негираат. Ова е суштината нивните позиции, негирањето. Може да кажуваат што сакаат, но има конзистентен обид и напор да го негираат македонскиот идентитет. Тоа е целта да го оспорaт идентитетот и да создадат поттик за македонските граѓани тука со бугарско државјанство и така да го оспорат во свое време. Бугарската основна позиција не е сменета, позицијата за историјата не е сменета“, изјави Едвард Џозеф, експерт за Балканот и предавач на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон, во интервју за емисијата „Агенда35“ на МТВ.
Тој го повтори својот предлог САД да го афирмираат македонскиот идентитет, преку посебен договор меѓу САД и Македонија, билатерален културен документ во рамките на стратешкиот дијалог што ќе го афирмира идентитетот, затоа што ова веќе е проблем и на НАТО и на САД.
„НАТО-членкатa Бугарија ја користи својата позиција на ЕУ членка за ефективно да врши идентитетска агресија што е форма на агресија врз друг НАТО сојузник. Не може ова да го имаме во НАТО, овој тип е на агресија е сличен на она што го прави Русија во Украина кога и вика дека се вештачка држава, тоа го прави Бугарија, ви вика вие сте вештачка нација, вие сте Бугарија, вашиот јазик е бугарски, вашата историја до 1944 е бугарска. Ние велиме дека тоа е неприфатливо. Путин го прави тоа со бомби, Бугарија со блокирање. Ова е проблем на НАТО затоа што една членка врши агресија на друга. Но ова е и проблем на САД. Затоа што претседателот Румен Радев и други во бугарскиот парламент и функционери го користат ова прашање за агенда што е во сојузништво со Путин, оние кои го користат ова прашање во Бугарија се сојузници на Путин. Затоа е проблем и за САД“, рече Џозеф.
Околу можните потези на македонските власти, тој рече оти Бугарија го поткопува македонскиот идентитет и дека премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски треба да одлучат каква позиција ќе заземат и што ќе им објаснат на граѓаните на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…
„Бугарија останува посветена на сите елементи од…
Бугарија: Изјавите на Мицкоски се популистички, нема…
Ниту еден обид за заобиколување на консензусот…
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…