(Видео) Францускиот предлог ќе се разгледа па ќе се одлучи за евентуално прифаќање: Бугарите ќе бидат дел од Уставот, сите политички актери го подржале тоа!

t

Денес во МНР е пристигнат предлог од француското претседателство, предлогот е пристигнат по нашата реакција во Брисел и корекција на драфт документите кои беа објавени, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција по итната седница на Владата на РМ.

– Официјалниот став ќе биде објавен откако документот ќе ги помине сите нивоа, а потоа ќе следи широка консултација и консултација со претседателот на државата.

Апелирам јавноста и политичките чинители да се воздржат од шпекулации.

Одлуката ќе ја донесеме во консултација со сите релевантни фактори, вели Ковачевски во денешната прес-конференција.

Во Бугарија веќе имаше процес кој го пминаа низ нивните институции, имаше драфт идеи на кои ние имавме забелешки. Таков процес не можеше да се отпочне и заврши кај нас, а нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој се наоѓа во МНР.

Во однос на историските прашања, едно од нашите барања беше дека историските прашања не смее да бидат дел од преговарачката рамка.

Министерот за надворешни и вицепремиерот за европски интеграции ќе имаат консултации веќе од утре.

-Колку што ќе треба време да се информира јавноста, толку време ќе трае процесот на консултации, нагласи Ковачевски.

– Што ќе се одвива во Европскиот Совет можат да одговорат само од таму, јас не би коментирал кој што ќе прави, ние знаеме ние што треба да правиме.

Протоколот не е прв, тоа е втор протокол од Комисијата која работи на следење и спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија и протоколот кој што е усогласен, детали за него ќе изнесат од МНР, но нема да биде дел од преговарачката рамка.

Веќе имаме изјави од сите политички актери во државата дека сите ќе поддржат внесување не само на Бугарите во Уставот туку и на Хрватите и Црнгорците. Тоа сметам дека треба да биде со најширок консензус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…