Пак се огласи Кисинџет: Постојат три сценарија за Украина

t

Украинската криза може да заврши на три начини, истакна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектејтор“.

Според него, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со главниот индустриски и земјоделски регион и појасот долж Црното Море.

„Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа за Русија. Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде пресудна како што претходно се мислеше“, оценува Кисинџер.

Второто сценарио, објаснува тој, би било обид да се „истисне“ Русија од Крим.

Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалација на конфликтот. „Ако продолжат воените операции, ќе се зголеми ризикот Западот да се најде во војна со Русија“, истакна Кисинџер.

Третото сценарио, според дипломатот, предвидува враќање на ситуацијата до 24 февруари.

„Нерешените прашања ќе се решаваат со преговори. Ситуацијата веројатно ќе биде замрзната уште некое време“, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…