Русите гневни: Украина го ганатира Белгород, има загинати
Најмалку три лица загинаа, а десетици станбени згради се оштетени во рускиот град Белгород во близина на украинската граница, изјави регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков, по извештаите за неколку експлозии во градот.
Оштетени се најмалку 11 станбени згради и 39 приватни куќи, од кои пет се уништени, јави гувернерот Гладков на каналот Телеграм.
Гладков претходно изјави дека инцидентот се истражува, додавајќи: „Системот за противвоздушна одбрана веројатно функционирал“.
-Најмалку четири лица се повредени, а две се хоспитализирани, меѓу кои и едно десетгодишно момче, рече Гладков.
Британските медиуми не можат независно да ги потврдат извештаите за експлозиите, штетите, жртвите и повредените, а засега нема ниту реакција од украинска страна.
Белгород е град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина, и претставува административен центар на регионот Белгород.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…