Предлогот не е ниту Француски… Пендаровски, Ковачевски и Османи лажат дека е нов предлогот?!

t

Еден од ретките бугарски политичари кој има имиџ на умереност, Христо Иванов, лидерот на „Демократска Бугарија“, која пак беше единствената партија на последните парламентарни избори во Бугарија со став против ветото кон Македонија, за Бугарската национална телевизија тврди дека премиерот Ковачевски, претседателот Пендаровски, како и министрите Османи и Маричиќ, лажат оти се работи за нов и подобар предлог само за да го убедат народот тој да биде прифатен, oбјави Алфа.

„Политичките елити во Скопје се обидуваат да ја сменат реториката за тоа решение, преку редактирање на некои суштествени делови, како аргумент за да го убедат македонското општеството дека треба да се прифати тоа што им е понудено. И тоа е правилно.“ – Истакна Христо Иванов, претседател на „Демократска Бугарија“.

Иванов, кој инаку тврди дека е македонец по мајка, а истовремено и еден од авторите на францускиот предлог, уверува дека не само што нема поразличен предлог, туку и дека ако Македонија започне преговори со унијата, најмалку 10 години ќе биде под надзор на Бугарија и напредокот ќе зависи од исполнување на бугарските барања.

– Тоа решение го заштитува бугарскиот национален интерес. Тоа решение има цел да ја заштити бугарската кауза во Македонија. Следат најмалку 10 години во кои Македонија ќе преговара со Европската Унија. Ние во целиот тој процес ќе ја задржиме нашата можност да укажуваме на различниот степен на напредок, со поддршка на европската комисија и советот на европската унија, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…