Објавено на:

ЕК: Од блиску ги следиме настаните во Македонија, да се носат одговорни одлуки

t

Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање – изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел, пренесува дописничката на МИА.

ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар.

– Од блиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува – изјави портпаролката Ана Писонеро.

Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“.

-Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странската комисија утврдила сомнителни наоди кај девет…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше…

Забраната за двојно државјанство за пратениците утре…

Утре во Собранието ќе заседава Законодавно-правна комисија,…

(Видео) 25 години државата се изживува со…

25 години државата се изживува со стопроцентен…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…