По 20 дена борба: Почина девојче од Битола повредено во сообраќајна несреќа со мотор
На клиничката болница во Битола денеска починало 15-годишно девојче повредено во сообраќајка која се случи вечерта на 14 јуни, пишува „Нова Македонија“.
По дваесетина дена борба на лекарите во Клиничката болница во Битола за спас на девојчето, тоа денеска им подлегна на повредите.
До сообраќајната несреќа дошло кога малолетен моторциклист со мопед „Априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „Сеат“ со битолски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната сопатничка која не носела кацига, додека пешакот поминал со полесни телесни повреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…
Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…