Николоски: Очекувам оваа влада да падне за неколку недели
– Очекувам оваа Влада да падне веќе за неколку недели, а потоа да следуваат предвремени парламентарни избори, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во “Што не е јасно” на Алфа телевизија.
“Шарена лага е дека Македонија почнува преговори со прифаќање на предлогот, Албанија ќе почне преговори и затоа ние жестоко реагираме.
А какво е расположението може да се види од фактот што 6 дена со ред без посебна логистика и организација, само со еден повик има масовни протести и мобилизација на народот. Јас верувам дека да не беше економската криза каква што е, ниту бензинот скап како што е, што е повторно вина на власта, ќе имаше многу повеќе луѓе но тие што не можат да дојдат до Скопје се мобилиираат во нивните градови”, истакна Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
(Видео) Николоски: Почитувани пријатели, позади нас е…
Александар Николоски денеска на својот Фејсбук им…