Тешка сообраќајна несреќа: Млада девојка со “Опел” се преврте на автопатот Скопје-Велес
На автопатот Скопје-Велес во близина на Ветерско, вчеравечер околу 19 часот се превртел автомобил „Опел Вектра” со скопски регистарски таблички, управуван од 24-годишната Ј.А. од Велес, соопшти полицијата.
Девојката се здобила со повреди и со возило на Брза помош е пренесена во велешката Општа болница, а увид на местото на настанот направи екипа на СВР Скопје, информираат за МИА од МВР.
Од Брзата помош во Велес велат дека екипа била повикана на местото на несреќата, која на девојката ѝ дала прва помош, по што била пренесена во велешката болница.
-Девојката се здобила со мали посекотини на брадата и лицето, кои ѝ се санирани, а извршено е и рентген-снимање, информира за МИА д-р Љупчо Леов, ортопед од Хируршкото одделение во болницата.
По 12-часовна опсервација, утрово девојката е пуштена на домашно лекување, информираат од Хирушкото одделение при велешката болница.
Фото: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Голем одрон на автопатот Скопје-Велес кај Катланово,…
Голем одрон на карпи и земја се…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…