Објавено на:

Градоначалничката на Касандра пресреќна за спасениот Иван: Сите се надеваме дека ќе го најдеме и третото момче

t

Топка, не многу голема, веројатно од оние за одбојка или ракомет на плажа, залутана во длабочината на морето, малку издишана, но според градоначалничката на општина Касандра Анастасиа Халкиа, доволна да спаси човечки живот, животот на 30-годишниот Иван, кој по 19 часа сега е веќе на копно и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалничката, која уште од првиот момент вчера, одблиску ја следи спасувачката акција за пронаоѓањето на македонските туристи кои исчезнаа во немирното море на првиот крак на Халкидики, во разговор со дописничката на МИА од Атина, открива детали, како 30-годишниот успеал да преживее.

Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив по 19 часа борба во морето. Една топка се најде пред него и оваа топка беше неговиот спас, вели градоначалничката која не може да ја скрие радоста што момчето беше пронајдено живо, особено по толку часови во морето.

Вели дека станува збор за силно, паметно, спортски градено момче, разговарала со него и е во добра здравствена состојба, „секако дехидриран е и уморен, што е нормално“.

Објаснува дека првично бил пренесен во здравствениот дом во Касандра, а оттаму префрлен во болница во Солун, за да му се направат сите испитувања и „за да бидеме 100 отсто сигурни дека е се во ред“.

Мислам дека имаше или има роденден. Господ му подари голем подарок, му даде живот. Му посакувам да е жив и здрав, а следната моја желба е да се најде и третото момче. Сите помагаме во потрагата, сите волонтери од општина Касандра се таму, рибарите, се разбира, военото воздухопловство, крајбрежната служба, сите спасувачки тимови, објаснува Халкиа за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве како полицијата во Италија се подготвува…

Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…

Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…

Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…

Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…

Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…

Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…

„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…

Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…