Објавено на:

Франција се подготвува за целосен прекин на испораката на руски гас

t

Француската Влада ќе го искористи летото за да се справи со евентуален целосен прекин на испораките на руски гас, што е „најверојатната опција“, изјави министерот за економија Бруно Ле Мер.

– Ова значи дека ја забрзуваме нашата енергетска независност, истакна тој.

Во денешното интервју за „Фигаро“, министерката за енергетска транзиција, Аниес Паниер-Рјунасе, забележува дека кабинетот мора да се подготви за најлошото сценарио, бидејќи во секој момент Русија може целосно да го прекине снабдувањето со гас.

Таа прецизира дека поради овој ризик, снабдувањето со гас се диверзифицира со зголемување на капацитетот со проектот за пловечки терминал за метан во Ле Авр, а во исто време се забрзува складирањето на гас. Владата нареди националните складишта за гас да се наполнат до речиси 100 отсто до почетокот на есента.

Може да има тензија со снабдувањето со гас во зима, предупреди во саботата премиерката Елизабет Борн. Според неа, компанијата за електрична енергија ЕДФ планира да го зголеми производството на електрична енергија со постепено враќање во употреба на 12-те нуклеарни реактори (од вкупно 56) затворени заради одржување. Но, доколку има недостиг од струја, Владата за зима подготвува низа мерки за да им даде приоритет на домаќинствата и на некои индустриски сектори, додаде таа.

Можно е некои индустриски претпријатија да бидат принудени да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, па дури и да ја прекинат употребата на енергија на одредено време, прецизира Бруно Ле Мер.

Француската Влада создаде три работни групи за подобрување на заштедата на енергија во администрацијата, компаниите и институциите кои работат со граѓаните. Целта е да се подготви патоказ за намалување на потрошувачката на енергија за 10 проценти во рок од две години од 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…

Захарова ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел:…

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…