Цуцуловски: Штом не може да се влезе во ЕУ со нерешени прашања, како ја примиле Бугарија без да го реши спорот со Македонија?
ИЗУМУВААТ? Се растрчале европските лидери на сите можни страни, па почнаа да ни се обраќаат дури и со драги „Македонки и Македонци“, охрабрувајќи нè да издржиме во копмромисите со Бугарија.
Знаеле, господата, дека компромисите не биле лесни и безболни, па зато и нè охрабруват, како да сме плашливи и несигурни во себе суштества. Сепак, тоа прашање го оставам настрана, бидејќи нешто друго изумуваат.
Имено, Македонија ништо не бара од Бугарија, па да бара компромис со неа. Ако Македонија нешто бара, тогаш тоа е (евентуално) влез во ЕУ, а не во Бугарија. Според тоа, нема што да преговара и да прави компромиси со Бугарија, туку тоа треба (евентуално!) да го направи директно со ЕУ. Изговорот дека ЕУ не може да ги започне преговорите, пред да бидат решени споровите со Бугарија, лесно отпаѓа.
Ако е така, ако навистина постојат отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија, тогаш како ја примиле Бугарија пред да ги реши споровите со Македонија, бидејќи тие спорови не се јавиле после бугарскиот прием во ЕУ, туку постоеле и претходно? Работите се многу јасни, за да се продолжат преговорите и компромисите за било што, како и со било кого. Само така е можен куртул.
* Фејсбук статус на Љубомир Цуцуловски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…