(Видео) Трајановски: На ВМРО-ДПМНЕ до вчера устите им беа полни за криминал и малверзации околу Ист Гејт, сега глатко пробаа да протуркаат одлука во интерес на истото правно лице!
Денес пред Советот на Град Скопје беа предложени четири точки на дневен ред за давање согласност за вршење дојност паркирање.
Четири различни правни лица побаруваат дозвола за вршење паркинг, од кои две правни лица (Тинекс и КАМ) уредно бараат дозвола за вршење дејност паркирање во склоп на парцелата и објектот во кои се наоѓаат. Другите пак две правни лица побаруваат дозвола да вршат дејност паркирање на површини кои не се во склоп на објектот.
Имено, Еаст Гате Малл ДООЕЛ има потреба да стопанисува и наплаќа паркинг на површината спроти објектот, односно од другата страна на улицата. Јас стварно не ја разбирам оваа попустливост и флексибилност кон потребите и барањата на Ист Гејт.
Ако има потреба од поголем број на паркинзи околу молот особено на паркингот од карши, го охрабрувам директорот на Ј.П. Паркинзи-Скопје да ја разгледа можноста овој паркинг да го менаџира и стопанисува токму градското претпријатие, а не газдата од карши.
И бившите градоначалници на Гази Баба и Скопје од редовите на СДСМ беа попустливи кон барањата и потребите на газдите на овој мол, дури во лудост пробаа и да го ослобат од комуналии за изградба на овој објект, но она што навистина ме зачудува е како колегите од ВМРО-ДПМНЕ на кои до вчера устите им беа полни за криминал и малверзации околу Ист Гејт, сега истите глатко пробаа да протуркаат одлука во интерес на истото правно лице?
Ова одлука е штетна за Град Скопје и е против интересот на граѓаните. Со оваа одлука не се придонесува со јакнење на ресурсите и капацитетите на градот и неговите претпријатија, во овој случај паркинзи Скопје. Оваа одлука е од интерес на оние кои што плукаа по Ист Гејт до локалните избори, се пазареа за станови со инвеститорите за да пројде ДУП-от, а сега истите туркаат одлуки во интерес на истото правно лице? Некој легнал на брашното…
Затоа ГРОМ не е повеќе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Фејсбук статус на советникот на ГРОМ во Град Скопје и меѓународен секретар, Александар Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…
Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…
Златото се искачи на 4.700 долари, растат…
Цените на металите на светските берзи денеска…
Исланд повторно пред вратите на ЕУ: Брисел…
Исланд овој викенд ќе се изјаснува за…
Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменик
Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот,…
Три активни пожари и четири под контрола,…
На ден 25/26.08.2026 година, до 07:30 часот,…