Акција на МВР: Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија
На 11.07.2022 околу 14.00 часот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, кај место викано „Краварски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода Џ.М.(47) од Скопје. При контрола во возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија.
Претходно, на автопатот А1, Гевгелија – Скопје тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу потоа бил сопрен и лишен од слобода.
Со Џ.М. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пронајдените лица мигранти биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…