СДСМ: Срамота е Мицкоски да го негира и да не знае кога е кодификуван македонскиот јазик

t

Христијан Мицкоски го негира македонскиот јазик, гостува по странски телевизии и шири срамни тврдења дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година. Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот мајчин јазик, велат од СДСМ.

„Наспроти ваквите срамни тврдења на Мицкоски дека македонксиот јазик е кодификуван во 1977 година, секој македонски граѓанин знае дека Кодификацијата на Македонскиот јазик се случила и многу порано и дека е поврзана со Решението на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука и со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година.

Затоа и Владата предводена од СДСМ го усвои 5 мај за Ден на македонскиот јазик, на денот кога е усвоена македонската азбука.

При вакви историски факти, да се тврди дека македонскиот јазик е кодификуван дури во 1977 година е нанесување директна штета на македонските национални интереси.

Мицкоски треба да си ги научи корените а се до тогаш да престане да оди по странски телевизии и да се брука себеси и граѓаните тврдејќи дека македонскиот јазик бил кодификуван 1977 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…