Албанска државјанка со лажни документи уапсена во Гостивар
Во угостителски објект во Гостиварско, полицијата уапсила тројца албански државјани, кои немале исправни документи за престој во земјава.
На 11/12.07.2022 во периодот од 23.40 до 00.40 часот во с.Чегране, Гостиварско, била спроведена акциска контрола и во угостителски објект била лишена од слобода К.Р.(43) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, по член 380 од Кривичниот законик.
Во објектот, исто така, како гости биле затекнати А.Л.(36) и К.М.(31) од Република Албанија, кои биле приведени поради непријавен престој – информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер од Гостивар ја претепал својата мајка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…
41-годишен маж од Гостивар пукал кон куче
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Пукање во Гостивар поради нерасчистен долг!
66-годишен жител на гостиварско пукал во речиси…
Муштерика нападна продавачка, ја мавала со производи
Вчера во 10:00 часот во ОВР Гостивар,…