Кого лаже Мицкоски дека не е во коалиција со Алијанса на Села?!

t

Францускиот предлог и насилството пред Мавровка навидум ја растури коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците.

Сепак сопштенијата, различните изјави и ставови не се фактор кој што го дефинираат статусот на коалицијата туку делувањето внатре во институциите.

Минатиот викенд извори на Алсат од Алијанса информираа дека ставот на партијата за оставките ќе биде донесен едногласно во понеделник кога се очекуваше Алијанса за Албанците да донесе одлука за официјално раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, со поднесување оставки од сите функција во локалната власт ширум Македонија.

Спротивно на очекувањата и најавите на Алијансата за Албанците вакво нешто не се случи, а кадрите на партијата се чини и натаму одлично функционираат во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително е перверзен фактот што огромно мнозинство на членови на опозицијата секојдневно е надвор на улиците протестирајќи против францускиот предлог и бугаризацијата на Македонија, а истовремено Алијансата за Албанците отворено даде поддршка за предлогот.

Лидерот на партијата Зијадин Села и лично оствари средба со премиерот Димитар Ковачевски, по која изјави дека единствен пат за Македонија треба да биде Европската унија и партиите не треба да размислуваат за добивање политички поени туку за мирен регион и решавање на спорот со Бугарија.

Ова навидум изледаше како директен атакт врз лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кој изминативе денови тврди дека и по цена на својот живот тој нема да отстапи од неговиот став дека францускиот предлог е предлог за бугаризација на Македонија и истиот е неприфатлив.

Проблематично е и тврдењето на Христијан Мицкоски дека тој требало да биде убиен од страна на Цуфи Кока лице кое блиско до лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, а неговиот брат Зуди Кока директоруваше со Комуналното претпријатие како кадровско решение на Алијанса за Албанците.

Сега се поставува прашањето и дилемата дали воопшто може да се каже дека е раскината коалицијата помеѓу Алијанса за Албанците која е спремна да гласа за бугаризација на Македонија во Собранието и чиј членови пукаа на членовите на ВМРО-ДПМНЕ ако Алијанса се уште делува во координација со ВМРО-ДПМНЕ во советите, а нејзините кадри се на раководни позиции по општините на ВМРО-ДПМНЕ ширум државата.

Одговорот накратко е не.

Народот повторно е сведок на невиден театар кога станува збор за одбрана на македонските национални интереси од страна на лидерот на најголемат опозициска партија, партија чие име по автоматизам треба да значи заштита на македонските национални интереси и заштита на македонскиот народ од неправдите со кои се соочува.

На македонскиот народ му се повторува истото сценарио од 2018-та година и 2017-тата година, кога 100-тина луѓе го хушкаат македонскиот народ, Христијан Мицкоски очајно се обидува да собере политички поени не нудејќи никакво решение и само декларативно борејќи се против процесите во државата, додека народот го добива подебелиот крај од стапот кажано фигуративно, односно во реалноста соочувајќи се со полициски пендреци, куршуми кои од близу доаѓаат и затворски казни затоа што го изразиле својот револт.

Премолчното продолжување на коалицијата со Алијансата за Албанците на Христијан Мицкоски е само последниот пример за измамата кон македонскиот народ кој како кога се менуваше името, се воведуваше двојзичност, се потпишуваше Договорот за добрососедство со Бугарија повторно е предаден.

Сепак никој не е измамен како членството на ВМРО-ДПМНЕ кое секој ден е на улица водејќи туѓи битки кои реално треба да ги водат пратениците и политичарите внатре во институциите.

Кој може денес да го убеди македонскиот народ дека ниту една опозициска партија не знаела што следува во преговите со Бугарија?

Зошто се протестира сега на готов предлог за кој целиот македонски народ е свесен дека институционално ќе биде прифатен за жал и со гласови на коалициониот партнер на Христијан Мицкоски, Алијансата за Албанците.

Сепак на Мицкоски, Ковачевски и останатите кои ќе го поддржат или премолчат овој француски предлог треба да им биде јасно дека добар резултат на следните избори ќе им биде доколку заедно имаат 100 илјади гласови….

Пишува: А. Митовски и М. Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…