ОЈО го следи случајот со објавените телефонски броеви на пратениците од власта: Ако има елементи на кривично дело ќе се постапи
Службените телефонски броеви на пратениците од владејачката коалиција осамнаа на Твитер, со повик до граѓаните да ги бараат и да им порачаат да не го предаваат македонскиот народ.
„Порачајте им да не го предаваат македонскиот народ“, вели твитерџијата.
Ваквата објава на приватен профил на еден од корисниците се случува во пресрет на утрешната собраниска седница на која што треба да се разгледува францускиот предлог со кој треба да се тргне бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ.
Од скопското обвинителство за Дojче веле, велат дека ги следат информациите и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе се постапи согласно законските надлежности.
Постот на Твитер содржи телефонски броеви на сите пратеници од СДСМ, ДПТМ, ВМРО-Народна, НСДП, ССМ и еден „независен“.
Пратеникот Горан Мисовски од НСДП за ДВ вели дека штетата е веќе направена, со тоа што им е нарушена приватноста и се објавени службените броеви на пратениците коишто им се дадени на користење од Собранието.
На листата, иако се дел од владината коалиција, ги нема телефонските броеви на пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС кои деновиве јавно изразија несогласување со делови на францускиот предлог и доставија предлог-заклучоци за негово дополнување до Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Ексклузивно – 3акани по жив0т кон пратениците…
Непознати лица преку меил им се заканувале…
Пратениците од Левица остварија средба со кинескиот…
По повод 97 години од формирањето на…
Граѓаните ќе плаќаат најмалку 600.000 евра за…
Граѓаните ќе плаќаат најмалку 600.000 евра за…
И Богоев ги нападна пратениците на СДСМ:…
После Андреј Петров, критики кон пратениците на…