БОМБА од Украина: Хрватска ќе го блокира влезот на Србија во ЕУ заради ставот на Вучиќ кон Русија?!
Украина, заедно со Хрватска, ќе му се одмазди на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговите изјави за војната во Украина со „превоспитување“ на него и на жителите на оваа балканска земја, изјави пратеникот од украинската Врховна Рада, Олексиј Гончаренко на својот канал „Телеграм“.
Српскиот лидер претходно изјави дека во одредена фаза од војната Владимир Путин ќе им пристапи на светските лидери со некаков предлог, а доколку тој биде одбиен ќе избие „пекол“ на планетата. Вучиќ нагласи и дека сега „целиот западен свет е во војна со Русија преку Украинците“.
Гончаренко навести дека Киев, заедно со Хрватска, планира да го блокира евентуалниот пристап на Србија во ЕУ.
„Дефинитивно нема да ја заборавиме Србија и нејзиниот претседател. И тогаш ќе биде интересно да ја гледаме шестмилионската Србија и нејзината желба да влезе во ЕУ. Мислам дека јас и моите браќа Хрвати ќе гледаме и ќе се сеќаваме, се сеќаваме, се сеќаваме … Процесот на превоспитување е тежок и ќе биде непријатен за Србите, но ние можеме“, напиша украинскиот пратеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…
Русија бара меѓународен договор за забрана на…
Русија денеска побара да се подготви меѓународен…